Претворете го вашиот дом во уметничка галерија со помош на тапети кои потсетуваат на различни сликарски техники и акварели…Дизајнерското студио POLY DEC, постојано не воодушевува со нови дизајни.
Сликањето со четка е најубавиот начин да се создаде текстура на сликата, што значи дека дизајнерите најчесто се извалкани со боја … на нив понекогаш се наоѓа повеќе боја отколку на хартијата!
Дизајнот на ткаенината TRATTINO од колекцијата Fauvismo е креиран со користење на апстрактни четкички на подлоги со посветли нијанси.
Цветниот дизајн во техниката акварел е идеален начин за пренесување на пролетта и летото во ентериерот, бидејќи тоа е свежа и весела палета на бои.
Дизајнот PARADISE од колекцијата Amazilia е лежерно уметничка интерпретација на прекрасни тропски цвеќиња и бујна вегетација, дигитално печатени, со совршени детали, совршени за оние кои сакаат енергичен, ботанички ентериер.
Kabala е уште еден дизајн со егзотични цветови. Овој фантастичен дизајн на тропско цвеќе е достапен како ткаенина и како тапет.