Блогерката Решма Сањеев има голема страст за украсување на ентериери. Таа има кариера во човечки ресурси, но за време на викендите ужива во се што има врска со декорации, DIY проекти и уредување на домот.
Откако го купила овој елемент со фиоки во винтиџ продавницата за 10 долари, еден викенд поминала во неговото средување и направила одлично парче мебел, кое го сменило целиот простор во нејзиниот дом.
Пред да почне да игра со боите, комодата со фиоките била целосно бланширана, фиоките биле обоени во портокалова боја, а потоа се нанесени два слоја интензивна розева. Внатре во фиоките, таа залепила шарената хартија за завиткување на подароци со портокалово бела шема, рачките кои веќе биле на фиоката детално ги исчистила и добила резултат кој целосно не израдува и воодушеви.