Еве како изгледаат трендовските патики за оваа зима и да, тие се црвени. Црвената боја, сега и официјално, е хит боја на сезоната во сите аспекти на модата, дури и во оние, спортските.
Ах таа црвена боја! Не и одолеа ни дизајнерите од Adidas, кои ни подготвија за оваа зима вистинско спортско изненадување, во огнено црвената боја. Петте најбарани модели на патики од овој познат спортски бренд, се во хит бојата на сезоната, црвена!
Петте најбараните патики на Adidas, EQT Support ADV, Forum PK, NMD_XR1, Tubular Doom i Seeulater PK, добија зимска верзија. Патиките се креирани за постудено и влажно време, имаат водоотпорен ѓон како и горна мембрана која ги штити патиките од протекување на вода, така да ги штити стапалата и ги одржува суви при дождливо време.