Тие се новата генерација на маскари и имаат специјални влакна за ултра-волумен на вашите трепки. Се прашувате што е зад оваа технологија? Најдоброто нешто во светот! Долги и обемни трепките!
Она што fiber маскарите, или маскарите со влакна, ги прави посебни, се токму влакната што се наоѓаат во формулата. На прв поглед, кога ќе ја отворите маскарата, нема разлика, црната боја е подеднаква како и кај другите. Во составот на фибер маскарата има многу фини тенки влакна, кои за време на нанесувањето на маскарата со четкичката се лепат за трепките. За секунда вашите трепки стануваат подолги и погусти.
Влакната во маскарите се направени главно од свила, вискоза или најлонски материјали, а при отстранувањето на шминката, се отстрануваат исто како и кај нормалната маскара. За разлика од вештачките трепки, во овој случај не треба да се грижите за лепакот, ниту стравот од непријатното олабавување на вештачките трепки, во најлош можен момент.
Маскарите со влакна се лесни за употреба, а во долгите и густи трепки, можете безгрижно да уживате преку целиот ден.