М. Gemi е веќе познат по неверојатната брзина на продажба на тренди парчиња веднаш штом ќе се пуштат на продажба. Тука пишувавме за чизмичките до зглобови што беа продадени само за два дена, откако станаа достапни.
Новите Cercle патики кои се достапни на веб-продавницата M.Gemi, се најпродаваните патики за есен 2017, за кои постои листа на која што дури 6.000 луѓе чекаат да бидат нивни.
Сега, кога патиките се повторно достапни, но, има само еден проблем, која боја да се одбере, патиките се достапни во пет убави нијанси и се изработени од кадифе.