Не е тајна дека изгледот на домот влијае на нашето расположение …
Само сетете се, колку ви било убаво кога сте го купиле новиоит кревет или тепих…
Мора да сте се чувствувале прекрасно, нели? Истото се случува и кога го декорирате вашиот дом на вистински начин – тоа ќе ве натера да се чувствувате пријатно, а ентериерот, никогаш поубав и подобар!
Ние откривме неколку брилијантни идеи кои сигурно ќе ви се допаднат. Погледнете…
Дезен на таванот
Можеби сте помислиле дека цртаните облици и шари се наменети само за исправените ѕидови, а ние ви предлагаме една сосема забавна идеја: декорирајте го таванот! Ќе додадете длабочина во собата и потпла нота, која обичните бели тавани ја немаат.
Тапети во кујната
Кујната можете да ја декорирате на најлесен начин и целосно да ја промените со помош на самолепливи тапети. Изберете тапети со интересен дизајн кој ќе одговара на целата соба и ќе ја видите моменталната промена.
Големи огледала за визуелно зголемен простор
Да, веројатно сте го виделе овој трик многу пати, но секогаш мора да се најде на оваа листа, бидејќи има голема моќ да ја осветли или визуелно да ја зголеми секоја соба, каде што ќе го поставате. Важно е да бидете поголемо и модерно!