Кошмарот на многумина кои се движат во музеј или галерија е да не уништат некое уметничкото дело!
Ја изгубивте рамнотежата, запеавте, се удривте со некого, тоа се всушност многу веројатни сценарија кои можат да минат низ вашата глава, додека гледате уметнички дела во музеј.
Дали сте се запрашале што би се случило ако уништите уметничко дело во вредност од стотици илјади или милиони евра. Таквите ситуации не се невозможни, се разбира, на интернет гледаме клипови од такви сценарија, дури и неодамна, само два дена по отворањето на изложбата на Јајој Кусама во Хиршхорн, еден посетител со намера да nнаправи селфи, оштетил една тиква, а такви ситуации има повеќе отколку што можете да замислете, а тоа најдобро го знаат кураторите и водителите во музеите и галериите..
Ние ќе ве утешиме и ќе откриеме дека во случај на ненамерно оштетување на такво дело, не ја покривате вие штетата, туку осигурувањето. Откако некое уметничко дело е оштетено или уништено, галеријата, музејот или институцијата во која се случил инцидентот, ќе го комплетира извештајот кој документира што и како се случило и кој бил вклучен. Имајќи ги во предвид можностите за таквите ситуации, тие институции преземаат мерки на претпазливост на почетокот, затоа има музејски чувари или осигурување, а изложбените предмети се поставени на таков начин што ќе ја намалат потенцијалната опасност за уметничкото дело кое е изложено.
Шангајскиот музеј на стакло, минатата година го доживеа тоа на потежок начин, кога беше уништена скулптурата „Angel Is Waiting“ од уметницата Shelly Xue , која ја создаваше скулптурата 27 месеци, а ја посвети на својата новородена ќерка. По уништувањето, таа одлучи да го преименува делото во „Broken“.
Што се случува со уметничкото дело откако ќе се оштети?
Керол Фогел напиша за “Њујорк тајмс”, дека кога го слушнала конзерваторот за тоа како да се поправи сликата “Актерот” на Пикасо, говорот бил еднаков на говор, кога докторот на итна попош разговара за лечење на пациентот, кој претрпел страшна сообраќајна несреќа.