Тие се меки и топли. Постои некоја одредена, но сепак недостижна карактеристика зошто крзнените палте со години не воодушеваат. Овој тип на ткаенина е класичен и достапен, за разика од цената на вистинското крзно. Вистинското крзно поради исклучително високата цена, како и поради неговото потекло, не е нешто што многумина можат да си го дозволат или сакаат да си го дозволат. Ние ќе го оставиме вистинското крзно на страна, колку за цената, толку и за етичките прашања.
Од година во година, со напредокот на технологијата и појавата на сé поголем број на high-street продавници, се појави висококвалитетна и евтина алтернатива наречена вештачко крзно. Меко и податно, а најважно од се, оваа зима нема да ви биде студено.
Единственото нешто што треба да ставите под контролира е како да комбинирате капут од вештачко крзно со остатокот од облеката. Имајте на ум дека вештачкото крзно само по себе е моќно и впечатливо. Осигурајте се дека другите модни додатоци и облека не ја надминуваат моќта на крзното, кое ја сака врвната позиција и целото внимание.