Најновиот електричен автомобилски модел на Honda беше претставен на Tokyo Motor Show оваа година и мора да признаеме дека сме импресионирани!
Ултра-футуристичкиот Sports EV Concept е инспириран од моделот S2000, односно минималистичкиот дизајн има ретро елементи, што навистина изненадува. Јапонската компанија е на пат да произведе едно семејство на електрични футуристични автомобили со чиј дизајн ќе воодушевуваат и ќе ја намалат стигмата околу хибридите!
Како Ви се допаѓа овој автомобил од иднината?