Со оглед на тоа што ладното време допрва не очекува, покривките од крзно или волна се идеални за освежување на куќата во овој момент, кога со нетрпение го чекаме снегот. Можете да ги користите како покривки за каучот, но најдобро е да ги префрлите преку столици и фотељи – на тој начин тие се модерни и удобни, а изгледот на вашиот простор се менува во моментот.