Во Ikea пристигна новата зимска колекција со главен фокус на Божиќ. Оваа година, Ikea најде инспирација во Исланд и во широкиот спектар на природни материјали со светли тонови.
Уште на прв поглед е јасно, дека Ikea се подготвила за вистински шик Божиќ. Колекцијата е во тонови на матно бела и сива боја, со многу помалку светки отколку што сме навикнати, особено кога станува збор за Божиќ.
И додека минатата година колекцијата беше обележана со шаренило, празниците во 2017 година ќе бидат многу поелегантни со постудени тонови, кои ќе преовладуваат во комбинација со минималистички изглед.
Печењето на gingerbread бисквитот, е дел од Божиќната традиција во Скандинавија, па затоа е природно да очекуваме дека Икеа ќе им оддаде почит на своите корени и на оваа празнична сезона, во форма на чудни и интересни калапи за бисквити.
Бокал за вриено вино