Секогаш кај нас буделе интерес тие стари книги од филмовите, мистиката испишана на жолтите страници, алхемиските рецепти за тоа како да се претвори железото во злато.
Cotton MS Vitellius C III е единствената „преживеана“ англиска илустрирана книга која ги опишува растенијата и нивната употреба. Пред не толку долг период, Британската библиотека заедно со Националната библиотека на Франција ја дигитализираа 1000-годишната книга, за нејзината вредност никогаш да не се изгуби.
Нешто што ни остави најмногу впечаток се илустрирани тегобите на кои растенијата делуваат лековито, како што може да се види змијата која се движи меѓу текстот кај растението кое е познат против-отров.