Кога надвор е ладно и дождливо, во нашиот дом ни треба топлина.
Па зошто да не ги искористиме предностите на природата и да го украсиме станот со жолти лисја, суви гранчиња или други растенија и плодови?
Поканете ги вашите пријатели или роднини на вечера и декорирајте гo домот со есенските елементи.
Предлагаме да ја украсите влезната врата со венец од лисја, хризантеми и тикви.
Можете да направите интересни украси на лустерот, ако на тенка жица или конец нанижете есенски лисја. Вашите гости ќе имаат впечаток како лисјата да паѓаат додека уживаат во вкусната храна.
Покрај декорирањето на ентериерот, обрнете внимание на прозорците и вратите.
Не претерувајте со декорирациите. Доволно се само неколку елементи за да ја внесете есенската атмосфера во вашиот дом.
Декорирајте есенски фотографии со лисја.
Цвеќето е одлична декорација во секое време од годината. Кринови или сончогледи ќе траат долго во вазната и ќе го разубават вашиот ентериер.
Елеганција со бели елементи и бели тикви.
Тиквите се обележје на сезоната и постојат многу начини да ги користите за декорација. Ставете мали тикви во декоративни стаклени садови или вазни. Можете да ги ставите на декоративен послужавник во дневната соба и да додадете неколку миризливи свеќи.
Ако во текот на летото поминавте многу време на отворено, на есен ќе преферирате да седите дома. Направете свој агол, каде што можете мирно да ја читате вашата омилена книга. Изберете место во близина на прозорецот или во аголот на собата. За да го направите ова, ќе ви требаат топол текстил, како и неколку меки перници.
Уживајте! :)