Изборот на венчален прстен не е лесна задача, особено ако земете во обзир дека свадбениот прстен, можеби ќе биде единственото парче накит што ќе го носите до крајот на вашиот живот.
Венчалниот прстен, не е нешто што треба да се избере во зависност од трендот. Токму ова парче накит, што треба да биде избрано само според личниот стил, може да биде класичен, минималистички, модерен, традиционален или дури и некој статусен модел. Во потрага по најпопуларниот венчален прстен оваа година, Pinterest одговори. Најбараниот прстен е класичниот со впечатлив дијамант. За разлика од претходните години кога беше популарен во бело злато, оваа година е во розово злато.
Фотографијата од овој прстен за венчавка на Pinterest, е симната повеќе од 100 илјади пати, а овој едноставен и убав прстен со дијамант и припаѓа на Sylviа Billone, кој самата го дизајнирала.