Никогаш не сме се двоумеле да кажеме дека Zara нуди трендовски алишта по поволни цени, но дали и сега е тоа така?
“Zara” е моден бренд кој често го купуваме. Трендовски модели, кои само што се симнале од модните ревии на светските познати дизајнери, а што можеме да си ги дозволиме, се главните карактеристики на Zara. Но, дали е тоа така?
Сега се повеќе и почесто во Zara наоѓаме облека и модни додатоци кои не спаѓаат во категоријата на популарни цени.
Новата Studio колекција на Зара, се осмелуваме да го кажеме тоа е со исклучително високи цени.
Дали се работи само за оваа посебно скапа колекција или Zara подготвува сосема нова деловна политика? Дали станува збор за проверка на пазарот или само проширување на асортиманот? Наскоро ќе дознаеме.