Вештите дизајнерите на 3LHD го претворија напуштениот камп во уникатен аквариум на падините во Карловац. Едно од најинтересните архитектонски решенија, под зелената ливада на еден рид, е слатководниот аквариумот, што го воодушеви светот.
Слатководните риби и растителниот свет на овој аквариум, ја повикува јавноста на подлабоко разбирање на екосистемот во регионот на Карловац. Едукативниот центар и продавниците се наоѓаат веднаш до и под природната падина, покриени со зелена трева, како знак на единство со животната средина. Аквариумот ја претставува флората и фауната на хрватските реки и езера, геолошкото минато, традиционалната култура и историјата на четирите реки во Карловац.