Модниот гигант Зара, одлучи во своите чевли да ги “вгради” чорапите и да го направи овој моден тренд – хит, подостапен од било кога, досега.
Zara
Црните чевли со високи потпетици (10 см), изработени од еко кожа и ребрасти чорапи, им даваат трендовски контраст на овие чевли. Ременот ќе обезбеди стабилност на вашата нога и безбедно одење. За тренди изглед, делумно ќе го спуштите чорапот до глуждот.
Zara
Рамен црн чевел со ременчиња до глуждовите, кои се посебно обележани со мали метални навртки во сребрена боја. Специфичноста на овие балерина до глужд чевли се црните чорапи, а можете да го купите во продавниците Zara.
Zara
Идејата за сервирање на веќе виден тренд, не е ништо ново. Слично, видовме во Париз на модната ревија на Карл Лагерфелд за Шанел, во колекцијата пролет/лето 2014.
Chanel