Денес, можеме на прстите на една рака да ги избоиме луѓето кои немаат fb или Instragam профил. Со оваа еуфорија на социјалните мрежи, се појави и нов критериум при изборот на совршен дечко.
И додека женските профили се полни со убаво декорирани и совршено наместени фотографии, момчињата се уште, во голема мерка, се фотографираат реално, веројатно поради исцрпеност и напорна работа на профилите на нивните девојки и пријателки.
Животот на Instagram маж е прилично тежок и изискателен. За идеална слика на нивната подобра половина, не се плашат се да се фрлат во песок, гимнастицираат и да ја занемарат сопствената безбедност. Сè за совршена слика. Иако се свесни за потсмевот на јавноста, особено кога се фатени во акција, тие се одлучни и подготвени да се справат со сите критики. Како во реалната, така и во онаа, виртуелната заедница, бидејќи сепак тоа е дело на нивните раце.
До вчера обични момци, а денес најдобри креатори на содржините на социјалните мрежи. Огромно браво за момчињата и ви благодариме за сè!