На 15 ноември оваа година, во аукцијската куќа Christie’s – New York, ќе биде изложена и понудена на продажба скоро пронајдената слика на Леонардо да Винчи – Salvator Mundi (Спасителот на светот), а се очекува да постигне цена околу 100 милиони долари!
Сликата датира од 1500 -та година и за прв пат е забележана како сопственост на кралот Чарлс први од Англија. Низ вековите поминала низ рацете на повеќе сопственици за да стане сопственост на сер Чарлс Робинсон во 1900- та година.
58 години подоцна, без да се знае нејзината вистинска вредност, сликата е препродадена за 45 фунти, се до нејзиното повторно откривање во 2005 година. Шест години траеше испитувањето за да се потврди нејзината автентичност .