Дали имате доволно место да седнете во вашата дневна соба, за време на славење роденден, слава или семејно собирање?
Верувајте ни, вие не сте единствените, бидејќи многу домови едноставно го имаат истиот проблем. Недостатокот на места за седење (не сметајќи ги столици од трпезаријата која зафаќаат многу место), се случува кај многу семејства, а ние знаеме како можете да го решите овој проблем.
Клупа како сепаратор во просторот
Покрај тоа што е добро прифатена како дополнителна позиција за седење, ниската клупа со украси, одлично ќе одвои две простории ако концептот на вашиот дом е отворен. Ова решение 2 во 1, сигурно ќе ви се допадне вам, како и на вашите гости кои доаѓаат кај вас.
Голем отоман како маса за кафе
Стар, но добар трик: ако масата за кафе во вашата дневна соба е мека и може да послужи како столче, секогаш ќе имате дополнително едно до две места.
Искористете ги предностите на просторот
Набавете мали табуретки или ниски преклопни столици кои можете да ги ставите под масата. На овој начин секогаш ќе имате дополнителни местa за седење, кои нема да ви пречат во собата, кога не ви се потребни.
Место до прозорецот
Повторно, за искористување на просторот. Ако имате дел од просторијата што е празен, бидејќи таму има прозорци – искористете го и создадете совршено место за седење. Можете да поставите табуретки, отоман или тапацирана клупа која ќе додаде посебна атмосфера на целата соба, но и дополнително место.