Без разлика дали живеете во куќа или стан, сигурно посветувате многу внимание на изгледот на вашата градина или тераса …
Најлесен начин за декорирање и уредување на терасата или градината од било која големина, е да го донесете цвеќето во нивниот простор.
Меѓутоа, кои цвеќиња да се изберат сега, кога летото официјално заврши и настапи постуденото време?
Не грижете се за тоа, ние успеавме да пронајдеме неколку видови на цвеќиња кои ќе бидат идеални за есенската градина.
Уживајте и најдете го вашиот омилен цвет!
Змијски корен
Овие убави растенија можат да цветаат од крајот на летото до почетокот на зимата и ќе ве воодушевуваат со интересните форми и снежно-белата боја. Покрај убавиот изглед, ова растение ги одбива штетниците, а привлекува пеперутки.
Името на овој цвет се однесува на неговата пупка, која се отвора на есен и ги прикажува сите прекрасни нијанси на сината боја на овој цвет. Тој ќе ја нагласи вашата градина и сигурно ќе привлече многу внимание.
Alyssum maritimum
Ова мирисно и шарено растение ќе ја украси вашата градина како мек шарен тепих во бела, виолетова или розова нијанса. Исто така, може да се постави во високи садови од кои ќе виси и ќе направи прекрасни цветни водопади.
Целосија
Држете се до традиционалната есенска палета на бои. Овие убави цвеќиња со интензивни бои го сакаат сончевото место, па ако имате таков дел без цвеќе – слободно инвестирајте во ова растение.
Астер
Виолетовата, е овогодишната есенска боја, така што можете да ја вклучите во изгледот на вашата градина или тераса, со помош на овој цвет. Засадете ги еден до друг цвет во различни бои и ќе имате убави цвеќиња во текот на целата годината, а посебно во текот на есента.
Кинеска каликарпа
Ова брзорастечко растение е убаво во сите сезони – со розови цветови на пролет и со големи виолетови плодови кои личат на грозје и траат до средината на зимата.
Хризантема
Хризантемата е едно од најпопуларните есенски цвеќиња, бидејќи го симболизира оптимизмот, радоста и долговечноста.