Набавката на брендиран накит и модни додатоци е сон на секоја жена.
Но, цените на овие мали аксесоари понекогаш се толку високи, што не можат сите жени да си дозволат таков луксуз. Сепак, некои модни додатоци на познати брендови се многу лесни да се направат.
Дури и неискусните “мајстори на накит” можат да ја направат нивната “реплика”. Денес, Ви препорачуваме да направите елегантна декорација за коса во стилот на Шанел.
Бисерите се заштитен знак на куќата Шанел, а креативниот директор на брендот Карл Лагерфелд често ги користи во своите колекции. Покрај накит и големи бисерни ѓердани, тој исто така со бисери ги украсува фризурите на моделите.
За да го направите овој едноставен моден додаток, потребен ви е еден бисер со средна големина и обична, еластична лента за коса. Бисерот можете да го сошиете со игла и конец или како во нашиот случај, да го залепите со лепак.
За пет минути ќе добиете, модерна декорација која ќе изгледа убаво и елегантно во вашата коса.
Забавувајте се и пробајте го овој проект.