Совршен детаљ за есен и зима со кој можете да го трансформирате вашиот дом е дефинитивно тепихот, парче кое го поврзува целиот простор. Потребно се некои упатства да се следат при изборот. Во зависност од тоа што сакате да постигнете со тепихот, да доминира во собата или да остави други парчиња мебел да го водат главниот збор.
Освежување на просторот во кој престојувате не мора да значи голем трошок на пари. Секоја промена, поголема или помала, ќе внесе свежина во ентериерот, а убавиот килим е идеално парче за трансформација во домот.
1. Во мали простории се препорачуваат теписи со светли бои.
2. Бојата на тепихот треба да одговара со остатокот од просторот.
3. Наместо еден голем, може да се одлучите за неколку помали теписи, тие не мора да бидат исти, но треба да бидат поврзани со боја, шема или текстура и меѓусебно да се надополнуваат.
4. При изборот на тепих, обрнете внимание на просторијата за каде е наменет. Значи, за трпезаријата или просторијата каде што децата играат, одберете ги оние што се лесни за чистење и отпорни на флеки.
5. Ако во домот имате деца кои учат да ползат, идеални се теписите од ѕид до ѕид.
6. Наместо класичниот, домот можете да го декорирате со крзнен тепих, ако белата боја ви се чини комплицирана за одржување, изберете ги оние во поинтензивни бои.