Ах, тој кучешки живот. Целодневно излежување, храната е достапна во редовни интервали, низ населбата гордо и храбро се шетаат со крената глава, а кога им е здодевно, главната забава им е ловењето на сопствената опашка во круг. А и мачките… само спиење, јадење, гребење, предење и повторно спиење…
Иако често им завидуваме на животот на нашите миленичиња, добро е да бидеме ние, бидејќи што ќе прават нашите крзнени миленичиња без нас.
Ни се чини дека Икеа размислува како нас. Новата колекција “Lurvig” е создадена за кучиња и мачиња, а во слободен превод од шведски може да се каже “крзнена”).
Најдобро од сè…колекцијата е лесна и едноставно може да се интегрира со постоечкиот мебел на Икеа.
Целта на колекцијата Lurvig е да им понуди на љубителите на животни производ од висококвалитетен дизајн по поволна цена.