Оваа куќа се наоѓа во Оксфордшир и несомнено, е мал дел од историскиот рај.
Изградена е во 18 век, но без оглед на епохата од која потекнува, внатрешноста на оваа куќа успеала да го задржи својот шарм и убавина. Неодамна, целата куќа претрпела дизајнерко реновирање, па можете да видите на фотографиите како изгледа во својот полн сјај.
Првото нешто што го забележувате во овој ентериер е белата боја, која доминира и дава автентичност на овој простор. Бели ѕидови, бели постелнини, одредени парчиња мебел во бела боја, како и лампите, ја определија централната тема на овој ентериер.
Белата тема и дава на секоја соба елегантен и софистициран изглед. Се разбира, бидејќи белата добро се комбинира со другите бои и материјали, овој ентериер има акценти на изложеното дрво во вид на греди, мебел во неутрални нијанси, како и на растенија кои на секоја соба им даваат карактер.
Овој ентериер е совршена комбинација на винтиџ и модерен современ стил. Ова најдобро се гледа во централната дневна соба, каде што можете да ја видите комбинацијата на столиците од плексиглас со дрвената трпезариска маса.
Сакајќи да го одржат оригиналниот изглед на оваа куќа, дизајнерите одлучија дека ѕидовите со изложените тули се вистинската работа, а тоа е забележливо во овој простор. Особено е видливо во областа околу каминот, кујната и трпезаријата, како и на ѕидовите на ходникот.
Запомнете дека секој простор добива “душа” благодарение на деталите – огледала, светилки, рамки за слики, списанија, цвеќиња…кои се клучните елементи во ентериерите кои имаат автентичен карактер.
Растенијата се важен дел од декорот на секој ентериер кој сака здрава атмосфера. Во овој дом, природата е влезена на голема врата, без разлика дали станува збор за лаванда во бањата, или засадени растенија во кујната. Естетскиот бенефит што го добивате со цвеќето е немерлив.
Овој простор е поврзан со надворешноста која е исто така убаво украсена и дизајнирана за релаксирање во попладневните часови со семејството и пријателите.