Чизмите до зглобовите, се најголемиот хит на есенско зимската сезона 2017 година.
Доаѓаат во најразлични варијанти – од кадифе и сатен, кожа или антилоп. Ако планирате да купите нов пар оваа есен, Манго ви нуди вистински избор.
Денес ги одбравме црните чизми до зглоб од еко кожа.. Чизмите се направени со ефект на кроко кожа, имаат патент од внатрешната страна и пета до 3,5 cm. Во комбинација со овие супер трендовски чизми, совршено се вклопува торба, направена од истиот материјал, украсена со светли циркони.
Овие модни додатоци се безвременски и флексибилни за комбинирање, па така можете да сметате на нив кога носите елегантна облека, но исто така и кога ќе се одлучучите и за кежуал комбинација.
Новите модни додатоци се дел од есенската колекцијата на брендот Манго и веќе ве очекуваат во бренд-продавниците на брендот.