Стотици луѓе веќе се во ред за своето место на оваа прекрасна тераса во Вилијамсбург и тоа со полно право, бидејќи ова е најубавиот поглед на Њујорк.
Откако минатиот септември се отвори хотелот еднаш стана главно место за дружење и собирање во Бруклин. Се наоѓа во Вилијамсбург, кој е еден од најживописните делови на Њујорк и е веднаш до популарнниот Сохо, кој се наоѓа во срцето на Менхетен. Овој бутик хотел, од неговото отворање, е вистински синоним за гостопримство и луксуз на опуштен начин, кој му прилега на Бруклин.
Свесни за своето опкружување, хотелот William Vale не ја изгуби уметничката атмосфера која владее во ова соседство, како и настаните во околината. Вистинскиот бисер на хотелот лежи на неговата терасата на покривот, со прекрасен поглед кон хоризонтот на небодерите на Менхетен. Хотелот има 183 соби кои се декорирани во минималистички стил со приватни балкони од кои гостите можат да уживаат во погледот.