Бисерите се неизбежен детаљ оваа сезона. На полиците во вашите омилени продавници, можете да најдете серија на облека украсена со бисерчиња, од чизми, панталони, кошули, палта и торби.
Со бисери, можете да ги декорирате капаците на очите или усните.
Тоа можеби не е практично, но изгледа апсолутно прекрасно.
На модната ревија Gucci Cruise, шминката и фризурите на некои модели беа украсени со бисери, а само беше прашање на времето кога на Instagram ќе почнат да експериментираат со новиот блескав материјал.
Бојата и големината на бисерите зависи исклучиво од вас.
Како и местото кое сакате да го потенцирате со бисерите.