Добродојдовте во Githorn, село од бајките во кое нема улици!
Во холандската провинција Оверијсел се наоѓа Гиторн, село кое често се нарекува “Венеција на север”.
Гиторн бил основан во средниот век, поточно околу 1230 година, кога бегалците од Медитеранот пристигнале во овој дел од Европа.
Долго време, беше вистинска реална еколошка зона, бидејќи во селото немаше автомобили, но од скоро, се прават одредени исклучоци за посебни ситуации.
Во стариот дел од селото нема улици, туку само велосипедски патеки, а сообраќајот главно се одвива преку бројни канали (долги околу седум километри), додека пешаците може да го преминат со шетање низ 180 мали дрвени мостови.
Особено интересено е тоа што туризмот имал многу мало влијание врз развојот на Githorn, кој се уште го задржува стариот изглед.
Тоа може да се види по голем број на еднокатни традиционални куќи, од кои некои се стари и двесте години.