Дизајнерското дуо Карл Лагерфелд и Силвија Вентурини Фенди ни ја претставија новата колекција на брендот Фенди за пролет/лето 2018 година, Враќање кон иднината.
Колекцијата е инспирирана од работата на италијанскиот сликар, претставник на футуризмот и потписник на Футуристичкиот манифест од 1910 година, Giacomo Balla. Дизајнерското дуо погледна наназад и го трансформираше италијанскиот футуризам во својата пролетна колекција. Иако кроевите на моделите се самоуверени и оштри, колекцијата е воздушеста и разиграна, совршена за првите пролетни температури.
Дизајнерите направија одличен контраст на облици и материјали. Фенди и Лагерфелд добро ги комбинираат класичните силуети и некласичните материјали, како и модерните кроеви креирани од традиционални материјали.
Иако принтовите делуваат помалку есенски, транспонирани на лесни материјали, тие ја даваат проsирноста, која е карактеристична за пролетните колекции.
Што се однесува до палетата на бои, таа е некако загасита. Само неколку принтови доминираат во колекцијата, а повеќето модели ги краси цветен принт. Од друга страна, Лагерфелд и Фенди користеа многу штрафти и кариран дезен.