Во главниот град на Велика Британија, отворен е ресторан со уникатен ентериер кој може да ве изненади.
Ресторанот “The Glade” лоциран во Лондон (Велика Британија), беше отворен по долго реновирање. Дизајнерите имаа одлични идеи и создадоа пикник ресторан во стилот на “Земја на чудата”. Во ресторанот можат удобно да се сместат 32 лица.
Претходно, француските уметници Каролин и Дидие Кватермејн ги аранжирале муралите со декупаж техника, а неодамна насликале свила со која ги смениле столиците и софите во ресторанот. Избраа извонредни нијанси на сини и виолетови тонови кои се во согласност со новите кадифени пресвлеки.
Вајарот Александар Кехајоглу ги насликал теписите кои имитираат пасторални пејсажи направени од волна и додал “шумски под” во ресторанот.