Природните производи се неопходни кога станува збор за грижата на целото тело, а особено за косата и лицето …
Од кокосовото масло до маслото од грозје, секој производ од билки и со целосно природна подготовка е одличен за секојдневна употреба во разните рутини за убавина. Но, најдовме уште една состојка што ќе стане една од вашите омилени сојузници во грижата за убавината – рицинусово масло.
Погледнете ги начините на кои можете да го користите со само неколку капки ефективно рициново масло …
За зајакнување на косата
Рицинусовото масло содржи омега-6 и омега-9 масни киселини, кои се од суштинско значење за зајакнување и подобар раст на здрава и сјајна коса. Поради антибактериски и антигливични својства исто така е одлично за лесно отстранување на првутот. Истурете неколку капки на скалпот на главата за да ја хидрирате кожата и поттикнете ја циркулација, а со тоа и растот на косата.
.За погусти веѓи
Густите и истакнати веѓи сѐ уште се тренди, а за да го охрабрите нивниот раст, без разлика дали се природно ретки или премногу искубани, доволно е да ставите рицинусово масло во нивниот корен. Принципот е ист како кај косата – подобра циркулација и хидратација доведуваат до поубави и погусти веѓи.
За подолги трепки
Заборавете на надградбата (која во моментов е популарна) и вештачките трепки, бидејќи трепките ќе ви станат природно подолги и погусти со рицинусово масло. Земете ја четкичката од старата маскара и добро исчистете ја, а потоа натопете ја со рицинусово масло. Нанесете го на трепките секоја вечер (како да нанесувате маскара) и наутро отстранете го вишокот со шамише за шминка. Првите резултати се видливи по само една недела.