Mermaid Fitness е новиот тренд во светот на спортот.
Трендот на сирените сега не се однесува само на бојата на косата и храната, туку и на спортовите. Тренерите нудат иновативен спорт – пливање со опашка на сирена.
Таквиот фитнес е групна вежба во базен, која ги комбинира елементите на јога, пилатес и кардио вежби. Водоотпорноста дава дополнително мускулно оптеретување, со што трненингот го прави уште поефикасен.
“Кога пливате со опашката на сирената, сите мускули на телото се вклучени. Движењето на брановите започнува од врвот, а потоа оди на колковите и нозете”, вели Мелиса Фланери, инструктор и ко-сопственик на “Wings Over Water School”.
Покрај тоа, овој тип на фитнес вклучува вежби за нозете, стомачните мускули и мускулите на грбот. Сирени училишта во моментов постојат во Канада, Германија и Русија.