Оваа година се одбележува 20-годишнината од трагичната смрт на дизајнерот и основачот на брендот Versace, Џани Версаче.
Во тоа име, неговата сестра која успешно продолжи да го води бизнисот Донатела Версаче, ја крераше колекцијата за пролет-лето 2018 година, која е еден вид омаж од некои од најлегендарните дизајни со потпис на Џани Версаче.
Стилот на 90-тите години на минатиот век, секси силуети, шарени отпечатоци и живописни бои се инспирирација од богатите архиви на брендот Versace. Во обид да ја прикаже колекцијата која е преглед на животот на Џани Версаче и неговите иконични дизајни, Донатела презентираше многу богата колекција во Триенале музејот во Милано, за време на Модната недела која штотуку беше завршена.
Од кожни јакни со декоративни детали, панталони со висок струк до коктел фустани кои ја следат линијата на телото, Донатела создаде колекција инспирирана од познатата колекција на Џани која го означи периодот од 1991 до 1995 година (Vogue, Warhol, My Friend Elton, Icons , Baroque, Animalia, Native Americans, Tresor de la Mer, Metal Mesh и Butterflies).
Ревијата беше проширена со присуство на супермоделите кои беа ѕвезди на ревиите на Џани – Карла Бруни, Клаудија Шифер, Наоми Кемпбел, Синди Крафорд и Хелен Кристенсен, кои продефилираа во златни фустани како антички божици.
Вистина е дека тие беа божици на една мода ера, која ја обележија со провокативните дизајни на Џани Версаче.