Instagram / heidiklum
Моделите, актерките и пејачките изгледаат сосема поинакви од тоа како ги знаеме, кога ќе ја симнат својата шминка и го покажуваат своето вистинско лице.
И додека некои од нив сепак по малку измамуваат, други храбро и самоуверено ги покажуваат своите лица без шминка.
Убавината, веќе долгу години наметнува нереални очекувања од девојките и жените. Совршено ретуширани лица и часови поминати на професионалните столици кај шминкерите, станаа нормална работа во showbusiness индустријата. Секој ден сме бомбардирани со слики на прекрасни жени во нивните најдобри изданија.
Но, секогаш се прашуваме … дали навистина изгледаат толку добро и кога се дома, без шминка и без скапа облека? Ние ви нудиме неколку фотографии и ви даваме можност сами да заклучите.
Catherin Zeta Jones / Adriana Lima / Shakira
И додека кај некои од познатите личности не гледаме голема разлика, другите, се чини дека се речиси непрепознатливи без шминка.
Drew Barrymore / Tyra Banks
Можеби дојде времето да се решиме и ослободиме од сите комплекси што ги имаме, и да одиме во град гордо и без шминка.