Постои едно класично парче од облеката кое никогаш не излегува од мода, а секоја есен повторно уживаме во него…
Во 19 век, мантилотот бил користен за да ги заштити војниците од ветровито време. Денес, мантилот е апсолутно парче од облеката, кое мора да се има. На секоја модно освестена жена, мантилот и е основа на есенското облекување.
Мантилот бил дизајниран и создаден од англискиот дизајнер Thomas Burberry, а останатото е историја. Тој е еден од најпознатите дизајни во светот на модата и е апсолутна класика.
За да се нарече овој дел од облеката класичен мантил, мора да исполнува одредени критериуми, а тие се:
– Не смее да има качулка
– Секогаш има дупло копчање
– Изработен од отпорна мешавина од памук или волна
– има преклоп на градите и појас за врзување околу половината
Секако, откако овие критериуми ќе бидат задоволени, сè понатаму е предмет на бесконечни опции и лични преференции.
Ако не можете да си дозволите “оригинален” Burberry мантил, ние ви прикажуваме листа на други мантили кои се секогаш интересни и достапни со цената.
Zara / Mango
Боја за есенските тмурни денови
Не се двоумите за боите. На есен или во зимскиот период, најчесто употребуваме темни и еднобојни облеки, но оваа сезона боите се во тренд, и затоа не плашете се да го развеселите денот за себе, како и за сите околу вас.
Massimo Dutti / Zara / Orsay
Темна класика за сите прилики
Ако сеуште ги преферирате темните бои за есен, ви прикажуваме три мантили кои брзо и лесно ќе се вклопат во башата гардеробата. Комбинирајте ги со интересни чизми во бои, а ако сте вистинска класичарка, прошетајте се и со црвен или моментално хит темниот бордо кармин.