Тука ќе најдете неверојатни солени езера од кои здивот ќе ви застане…
Ако сакате да патувате и да ги видите волшебните работи што ги создава мајката природа, тогаш Перу мора да биде вашата следна дестинација. Иако Перу нуди одлична храна и пријателски расположен луѓе, ве советуваме да ги посетите Марас Солт Лејк, кои се наоѓаат во светата долина на Инките.
Таму се наоѓаат голем број на мали езера кои се поставени каскадно и кои делуваат како мали базени во кои со нетрпение чекате да скокнете. Бидејќи на ова место концентрацијата на сол е огромна, за момент ви се причинува како целата долина да е завеана со снег, меѓутоа дури подоцна ќе сфатите, дека тоа се само наслаги на сол кои се таму наталожуваат со години.
Изгледаат фантастично, нели?