Време е за забавно плетење!
Во истиов период минатата година, големите плетени ќебиња се здобија со голема популарност, а потоа пронајдовме неколку забавни начини да го внесеме овој тренд во нашите домови и гардероби. Џемпери, комбинезони, додатоци за празници … Оваа година, наместо плетени ќебињата, ќе имаме удобни шалови!
За изработка на овие удобни шалови не ви е потребно многу време (околу еден час), без разлика дали сте почетник или професионалец во плетењето. Ќе ви треба поголема количина мерино (или обична) обемна волна, и тоа е тоа – вистински есенски моден додаток кој ќе дојде со помош на ваши раце, а не со игли!
Погледнете го ова видео со детали за тоа како да го направите овој прекрасен шал и да се подготвите за релаксирачки викенд со добра музика и одлична шоља топло чоколадо.