Креативниот директор на англискиот бренд Burberry, Christopher Bailey, внесе големо влијание на уличната мода во новата колекција на Burberry за есен – зима 2017 година, која беше прикажана на Лондонската модна недела.
Иако белег на колекцијата е препознатливиот кариран дезен, сега, тоа е сосема поинаква модна вибрација. Карактеристичниот дезен е транспониран во огромни tote торби, преголеми капути, јакни и тренч коут мантили во разновидна палета на бои.
Burberry знае како да ги комбинира црвената трикотажна облека и воените модни акценти или блуза од тул со шарено елече. Ако сакате да изгледате женствено, Burberry нуди проsирни фустани и здолништа од тул со везени детали.
Стајлингот на модната ревија беше завршен со капи и карирани ешарпи, како неизбежни шик модни додатоци.