Грижата за ноктите е една од најраспространетите човечки навики.
Експертите велат дека постојат бројни причини зошто ги гриземе ноктите, а обично има и некоја психолошка позадина, ако и вие тоа го правите, обидете се да пронајдете друг канал за да се ослободите од стресот. Покрај тоа што е грда, оваа навика може да биде опасна, исто така. Под ноктите се кријат разни бактерии кои со гризнувањето на ноктите ги внесувате во телото, а иста е ситуација и со кутикулите.
Затоа, брендот Dermelect го дизајнираше и промовираше производот Resist Nail Bite Inhibitor + Restorative Treatment, кој треба да ви помогне да се справите со навиките за грицкање на ноктите. Иако изгледа како обичен лак за нокти, тој содржи состојка која дава горчлив и непријатен вкус во допир со устата. Освен непријатниот вкус, лакот содржи и формула која ги храни и ги зајакнува ноктите. Лакот може да се нанесува како основен или завршен слој, а треба да се менува на неколку денови.