Се прашувате како мириса новата есенска сезона?
Ви претставуваме парфеми кои ќе внесат чувство на нешто ново во вашиот секојдневен живот.
Gucci Bloom
Алесандро Микеле сега влезе и во светот на парфемите со едно од најважните изданија на оваа сезона: првиот мирис на италијанската куќа под неговата креативна палка. Неговата арома комплиментира сè, освен романтични клишеа. Таа содржи ноти на тубероза и јасмин со неочекуван зелен допир.
Twilly d’Hermès
Целосниот хит на Хермес е наречен Твили, како познатиот свилен шал на оваа модна куќа. Нешто зачинето и нежно, но секогаш современо и забавно, ова е најдобриот опис на овој парфем. Парфемот содржи ноти од ѓумбир, тубероза и сандалово дрво.
Gabrielle, Chanel
Револуционерен парфем на Шанел, бидејќи оваа модна куќа не лансираше сосема нова “миризлива фамилија” веќе 15 години. Јасмин, тубероза, (cananga) цвет и цвет од од портокал, ги прават главните ноти на овој мирисен дел на парфемот.
Fragrance Paintbrushes, Jo Malone
Jo Malone смисли нов начин како да се примени нејзиниот мирис: ќе сликате на кожата како со уметничка четка на платно. Идејата се вика Fragrance Paintbrushes, а припаѓа на новата линија на Jo Loves. Парфемот е релаксирачки, а начинот на примена, секако е иновативен.
Forget Me Not – Talc, Carthusia
Токму кога помислевте дека ги знаете сите можности за нанесување на парфеми на вашата кожа, стигна уште еден нов. Овој парфем доаѓа во форма на прав и се нанесува на кожата со помош на перниче.