Овој прекрасен хотел наречен Myconian Avaton resort, се наоѓа на познатиот остров Миконос, на песокот на прекрасната плажа Елиа …
Пејзажот на овој дел од светот се вклопува совршено со сите древни митови и модерни легенди, создавајќи хармонична атмосфера како од светот на бајките. Овој хотел е нешто како чардак ни на небо ни на земја, ниту на море.
Своите гости ги поканува, да од прва рака го почувствуваат шармот, убавината и софистицираноста на овој елегантен остров на Егејското Море. Од секоја соба, базен и трпезарија можете да уживате во погледот на морето, кое е моќно и фасцинантно.
Неверојатните апартмани на Аватон хотелот, располагаат со елегантни бањи и балкони опремени со кади-џакузи, додека ексклузивните вили кои им се достапни на гостите имаат и свои сопствени бесконечни базени, ал фреско јадење и бројни hi-tech опции. Во прилог на ова, постојат базени за таласотерапија, парни бањи, топ бањи и фитнес сала.
Мораме да признаеме дека ова е повеќе од обичен луксузен хотел на плажа, бидејќи претставува вистински рај на земјата со сместување од прва класа и ексклузивни и привилегирани услуги, каде што релаксирачка атмосфера и импресивни погледи им овозможуваат на секој гостин незаборавно искуство.