Црвената боја ја сакаме секогаш, како и сите парчиња во таа боја.
Оваа сезона е во знакот на црвената боја, а таа и онака е популарна меѓу холивудските дами.
Привлекува внимание, влијае на самодовербата, елегантна е, ефектна и отсекогаш била симбол на моќ и престиж.
Во црвени фустани уживале и со внимание пленеле дамите во стариот Холивуд, како што се Марлин Монро и Одри Хепберн, а таа боја ја носеше и супермоделот Синди Крафорд и Леди Дијана, а денес во неа уживаат Блејк Лајвли, Џиџи Хадид и Мишел Обама.