РУЖНИ ИЛИ СТАБИЛНИ И УДОБНИ…СЕ РАДУВАТЕ ЛИ НА ВРАЌАЊЕТО НА ОВОЈ ТРЕНД?
Во последниве неколку месеци, се почесто го гледаме враќањето на трендовите од 90-тите. По гумените сандали, платформи и чокер герданите, на улиците и по продавниците се среќаваме со чевлите со мала (kitten) пета.
Ова е еден од оние модни трендови кои ги сакате или мразите. Петите од 10 сантиметри ја издолжуваат фигурата, го креваат задникот, нè прават поисправени и едноставно поелегатни, но често пати се бескрајно неудобни. Ако е невозможно да го поминете целиот ден во високи потпетици, размислете за овие kitten потпетици.