Моделот и деловната жена Karlie Klos , ја отвори вратата на својата канцеларија во Сохо, од која не би сакале да си одите дома дури ни по работното време…
Кога супермоделот Карли Клос не позира за кориците на светските познати списанија или не оди на главните модни ревии во Њујорк или Милано, таа води успешна компанија и е вистинска деловна жена. Но, и покрај тоа што е одлична бизнисменка на возраст од 25 години, Клос досега работела без канцеларија.
Новата канцеларија на ангелот на Victoria’s Secret, служи како основа за нејзиниот бренд, но првенствено за нејзината непрофитна иницијатива за девојки, Kode with Kloss.
Сместена во квартот Сохо во Њујорк, канцеларијата е инспирирана од средината во која доминираат индустриските детали, но со многу топлина.
Tina Rich Homepolish го дизајнираше просторот со прекрасна комбинација на неутрални бои и пастели, детали од дрво и многу елегантни додатоци.
Големата отворена канцеларија се состои од три соби за состаноци, телефонска кабина која служи како гардеробер и кујна.