Во 2008 година, брендот Моросо ја лансираше Суши колекцијата, потпишана од Едвард Ван Влиет.
Разиграните бои, мотиви и модели, го карактеризираат мебелот од оваа колекција, која претставува една еклектична менажерија.
Колекцијата се состои од фотељи, софи и табуретки, а сега колекцијата Суши е освежена со нова клупа, како и серија фотељи со издолжени и високи наслони со цветни материјали, носејќи ни освежувачки и одважен дизајн.
Икебана е нов цветен материјал кој исто така го потпишува Ван Вилет, а поентата е да се освежи модерниот ентериер со ботанички мотиви, бидејќи живееме во свет опкружен со многу модерни технологии.
Компанијата Moroso постои од 1952 година и изработува луксузни софи и фотељи.