Куќата што ја презентираме, моментално е на пазарот за недвижнини и се продава за 17,7 милиони долари. Се наоѓа во Португалија, опкружена со терени за голф и убави езера. Фантастичниот имот е сместен на падините на познатиот природен резерват на Рио Формоза.
Поседување куќа на ексклузивна локација е привилегија на избраните, но само неколкумина од нив, можат да си дозволат вила со 11 бањи, 8 спални, куќа за гости, базен за деца и возрасни, како и други луксузни погодности.
Прекрасниот влез со огради од ковано железо и прекрасните акценти на топло дрво, во овој дом се комбинирани со белата боја која доминира и ја прават оваа вила фантастична понуда за сите оние кои сонуваат за таков дом, а можат да си го дозволат тоа.
Во огромната кујна со трпезаријата, можат да се сместат до 14 лица, додека големите прозорци ве покануваат да се запознаете со прекрасната природа што ве опкружува. Луксузен и стилски мебел во дневната соба, собата за чај и остатокот од оваа прекрасна зграда, ве покануваат на задоволство и релаксација.