Кошулите-фустани, никогаш не биле толку популарни и сега е вистинско време да ги облечете…
Кошулата-фустан е идеално парче за постудената есенска сезона која ни доаѓа, бидејќи можеме да ја носиме на многу начини.
Можете да ја носите како туника, но исто така и како фустан, а нејзината разновидност на никаков начин не може да ви го ограничи експериментирањето и да ги испробате различните стилови.
Оваа прекрасна кошула-фустан во маслинова боја, можете да ја носите преку цела година. Сепак, во ладно време, можете да носите со фармерки, дебели хеланки, но исто така и со длабоки чизми чија должина е над колена.
Можностите се разни, а од вас зависи да ја најдете вашата омилена комбинација.