Викторија Бекам ja покажа во Њујорк колекција пролет / лето 2018 година.
Колекцијата за пролетната сезона е многу лесна и женствена. Белите кошули беа претставени рамо до рамо со тесни здолништа во пастелни тонови. Облеката е направена од шифон, свила и органза, а силуетите се малку нагласени со форми на женското тело.
“Женственоста треба да биде силна”! Викторија Бекам накратко го опиша расположението на својата колекција, која за осум години во дизајнерската работа ја промени својата идеја за женственост. Бекам ги адаптираше своите дизајни за модерни и запослени жени кои секој ден ќе уживаат во нејзините креации. Миди здолништа, тесни панталони, маици со набори, лаконски јакни и фустани кои совршено се комбинираат едни со други и им овозможуваат на жените да заштедат време наутро, додека го подготвуваат својот изглед.