За презентација на неговата колекција пролет/лето 2018 година, модниот дизајнер Александар Ванг, организираше настан наречен Вангфест, а модната ревија беше преполна со познатите модели кои ги носеа најновите креации.
Можевме да ги видиме Каја Гербер, Кајли Џенер и Бела Хадид, меѓу другите добро познати лица.
Колекцијата се состои од модели дизајнирани за вечерни но и дневни – кежуал комбинации. Интересен е миксот на спортските делови од облеката со здолништа, под кои извира тантела и чорапи со халтери. Кога станува збор за материјали, креаторот користи сатенска свила, чипка и кожа, но и жакард, твид и тексас.
Сè на сè, ова е колекција наменета за кул девојки кои не се плашат да носат смели комбинации како кожени панталони во комбинација со кратки тексас шорцеви, со потписот на Александар Ванг.